Владата нема да одлучува денеска за барањата на СОНК

На денешната владина седница нема да се одлучува за барањето на СОНК за платите во образованието. Министерот за образование, Арбер Адеми одговарајќи на новинарско прашање изјави дека во процес се преговорите помеѓу МОН, Владата и СОНК, и повтори дека тие се движат во добра насока.

„Би требало наредните денови, ако не и утре, да одлучиме што понатаму“, рече министерот и нагласи дека засега нема најава за нова средба со СОНК, но по потреба може да биде организирана.

По последната средба во Владата, министерот Адеми и претседателот на СОНК Јаким Неделков оценија дека има приближување на ставовите, но средбата заврши без конечен договор.

СОНК бара зголемување на платите, кое ќе биде поголемо од десет проценти и ќе почне од 1 јануари в година. Од друга страна, МОН предложи платите да се зголемат 10 проценти од април. Од Синдикатот не се согласуваат со предлогот и најавуваат генерален штрајк, што би се одржал на 11 ноември доколку не бидат исполнети нивните барања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.