Владата нема реализирано ниедна реформа и проект освен уставни промени, редно е да си заминат

Не е само економијата, кажете ми една реформа во оваа една и половина година, Влада на СДСМ и имајќи ги  предвид катастрофалните резултати на владата  во областа на економијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во Отвореното студио на телевизија Алфа истакна дека е редно време Заев и СДСМ да си замине од власт.

Еве воведоа минимална плата, ветија дека секоја година ќе ја зголемуваат, лани шпекулираа пред локалните избори еве оваа година не ја зголемија таа минимална плата, затоа што видоа дека им е катастрофална, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицскоски ги спомена и неостварените ветувања во врска со минималната плата која до крајот на мандатот на СДСМ требаше да достигне 16 илјади денари, а време има се помалку за да се стигне до оваа бројка. Тој го спомена и растот на БДП кој минатата година изнесуваше нула проценти, а годинава според НБРМ ќе изнесува 2,3 отсто додека СДСМ како опозиција ветуваше раст од 5 проценти на годишно ниво.

Потсети и на ветувањето од пет проценти раст на БДП на СДСМ и реалниот раст кој според НБРМ сега ќе изнесува само 2,3 проценти, додека мината година изнесуваше катастрофални 0 проценти.  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека никој од власта не сноси одговорност за катастрофалните резултати, а Македонија тоне како држава и како општество.

Ветуваа пет проценти раст на БДП еве гледаме сега се задоволуваат и самите во овој ребаланс со 2,8 раст иако сите релевантни институции вклучително како што кажавте и НБРМ им предвидува 2,3. Тоа е повторно некој 100 до 150 милиони евра утка во БДП. Никој не сноси одговорност, премиерот вас ви кажува па јас немам со кого да работам ако ги променам овие. Епа овие ако не знаат да работат, тоа значи дека е редно време ти да си заминеш, тогаш да дојдат некои кои што знаат да работат. Тоа е суштината на политиката и тоа е суштината на една парламентарна демократија. Не можеме ние да не знаат овие како да работата и ние да тонеме како држава и како општество. Капиталните инвестиции се катастрофални. Даноците еве последната оваа даночна реформа, големо внимание предизвикува, но повторно мислам дека тоа е уште еден спин од страна на истата кујна на лаги и манипулации. Сите ние сме некако фокусирани на оние 90-ина илјади, потенцираше Мицкоски.

Во интервју Мицкоски зборуваше околу промените на Уставот. Тој посочи дека не очекуваат шокови во периодот кој следува и како пример го даде менувањето на одлуките на АСНОМ со прогласот, за кој тој вели дека се сосема две различни работи.

„Тие шокови нема тука да застанат. Мислам дека до крајната содржина на амандманите ќе има уште по некој шок. Гледате најпрвин се колнеа во АСНОМ па потоа ги избришаа одлуките од АСНОМ. Ни го вметнаа прогласот. Не знам дали јавноста знае за што станува збор ама прогласот е исто како сега вие да имате Циркус Медрано да гостува во вашиот град и тоа да е тој постерот што го најавува. Тоа е прогласот во принцип кој што е ставен. И оправдувањето е дека можеби со одлуките некој би бил повреден. Да не било смешно, би било трагично“, рече Мицкоски.

Додаде дека ситуацијата е несериозна, и дека неговите очекувања се дека ќе има голем број на изненадувања во самиот процес. Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ со сите алатки кои му стојат на располагање ќе се спротистави на овој процес во рамките на парламентарната дебата, но и во рамки на институциите надвор од Собранието.

Мицкоски истакна дека економијата се движи во надолна линија. Истовремено потсети на сите лажни ветувања за странски инвестиции што ги ветуваше Владата на Зоран Заев.

„ Вие се сеќавате на она фамозно интервју на премиерот кога ги најавуваше Гугл, Фејсбук не знам кого се не најавуваше во Република Македонија, ние не можеме ни овие домашниве да ги задржиме бидејќи после оваа даночна таканаречена реформа која што планираат да ја спроведат и јас сум сведок десетици фирми кои ги познавам, бизнисмени и претприемачи планираат да го селат својот бизнис во околните земји, бидејќи, викаат нас навистина ова не ни се исплати ние не можеме и тековната ликвидност да ја одржиме, ситуацијата и онака е тешка овие мерки ќе ја направат уште потешка, ќе треба да ги отпуштиме сите вработени“, потенцираше Мицкоски во Отвореното студио на телевизија Алфа.