Владата одлучи – Ана Петровска на чело на Државниот инспекторат, а Хесен Џемаили на Управата за животна средина

50

Ана Петровска ќе биде в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), откако од 2018 година таа беше на позицијата државен секретар во Министерството за животна средина, а претходно и долгогодишен консултант за зелени проблематики.

Ова е одлука на синоќешната седница на Владата, која го разреши досегашниот директор на ДИЖС, Фејзула Спахија.

Во еколошкиот сектор има именуван и нов в.д директор на Управата за животна средина – Хисен Џемаили. За него Владата пишува дека е м-р по менаџмент на животна средина, доаѓајќи на местото на разрешениот Џезми Салиу.

На својата седница Владата донесе одлуки за именување на повеќе директори, в.д. директори и членови на Управни одбори на јавни претпријатија и акционерски друштва.

-На овие одлуки им претходеше исцрпен процес на интервјуа и разговори за да се идентификуваат и прифатат соодветни кадровски предлози кои ќе ги исполнат критериумите и обврските што произлегуваат од усвоена владина програма, и кои се пред сѐ стручни и компетентни во областите за кои се именуваат, соопштија од Владата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.