Владата одлучи: После 21:00 часот граѓаните да не се движат на јавен простор

Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот со кои се скратува работното време на угостителските објкети, соопшти премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил.

„Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.

Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.

На седницата донесовме и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.

Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби“, истакна Заев.