Владата одобри зголемување на бројот на деца во градинките

Владата на вчерашната седница донесе одлука да дозволи да се зголеми бројот на деца во градинките.

-На денешната седница е дополнет и протоколот за бројот на децата по групи во градинките, со што се зголеми бројот на деца од 21 на 25 деца и тоа само во големите групи, информираа вчера од Владата.

Оваа одлука не важи за групите каде има деца на возраст од 0 до две години.