Владата пет дена без став за измамата „Санос“

Молк од Владата на Република Макеоднија околу скандалозната филмска измама на премиерот Зоран Заев со фирмата „Санос“. Веќе неколку дена ги разоткриваме скандалите поврзани со помпезната најава на премиерот Заев, дека „Санос“ ќе извезува автобуси од Македонија, фирма во која има само три вработени. Даночните инспектори и Јавното обвинителство ќе имаат многу работа за овој случај, бидејќи станува јасно дека целта на овој проект е голем криминал со перење на пари со поврат на ДДВ и конструирана приказна за измана на јавноста.

Потврда дека станува збор за филмска измама вчера пристигна и од Царината, од каде ни потврдија дека извоз на автобуси не бил направен, што значи дека и тие не се произведени, што ни беше потврдено од поранешен вработен во фабриката „ФАС 11 Октомври“, која сега е ребрендирана во САНОС.

Како што ни кажа тој само во производствениот сектор на „ФАС 11 Октомври“, во чии простории сега е оваа фабрика, само во производниот дел во фабриката биле вработени 1.800 луѓе, кои годишно произведувале 1.600 автобуси, значи во просек по помалку од еден автобус од работник. Како паралела сега оваа компанија има вкупно тројца вработени, значи во просек еден вработен сам треба сега да произведе 23 автобуси. Покрај тоа во моментов во индустриската зона Бунарџик работи и фабриката „Ван Хул“, која исто така произведува автобуси за извос, во која пак работат повеќе од 800 работници.

Сериозните индиции дека се работи за тежок криминал поранешниот вработен ни ги потврди со информацијата дека најголемиот дел од опремата во фабриката е продадена и како што тој вели нема никаква шанса во тие погони да се направи нов автобус.

Од Агенцијата за вработување добивме информација дека до 18.09.2017 година во фабриката не се сменила бројката вработени лица, таму има само тројца вработени, кои се повеќе години во фирмата. После сите откриени информации, економските експерти велат дека единствено што може да е причина за измамата на граѓаните, со наводно извезување на 70 модерни патнички автобуси е криминал со перење на пари со поврат на ДДВ. Тоа претставува тешко кривично дело, директно удирање под државниот буџет и парите на сите граѓани на Македонија.

По откривањето на овој голем скандал од Владата без никаков коментар за информациите кои излегоа во медиумите. Заев пред два месеци беше во посета на фабриката, каде очигледно потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните, изрази задоволство што еден домашен македонски производ излегува на странскиот пазар, голема измама, која беше потврдена од Царината. Разочарувањето и гневот кај граѓаните е голем од потезите што Заев ги прави и големите лаги кои ги кажува во јавноста.

„За мене е големо задоволство да бидам присутен денес овде на еден ваков настан, кога еден наш домашен производ излегува надвор освојувајќи странски пазари, а претставувајќи го квалитетот на нашата домашна работничка рака и на нашето домашно производство„, изјави Заев тогаш.

Премиерот тогаш и кажа дека автобусите се подготвени да тргнат на пат, но тие се уште не се тргнати, а не се ни знае каде се. Експертите коментираат дека покрај сомнежите за финансиски криминал, ова е обид на Заев да измами граѓаните, со што би собрал политички поени.

„Овие автобуси коишто денеска се подготвени да тргнат на пат, претставувајќи ја нашата Македонија, посакувам, да го отворат патот за нови вакви извози, продажба на домашни производи и за Санос и за целата македонска економија“, кажа Заев при посетата на „Санос“.

Потврда дека во овој криминал е вмешана Владата пристигнува и од луѓе кои живеат блиску веднаш до фабриката. Еден од нив вели дека е навистина зачудувачки како оваа фабрика преку ноќ успеала да произведе автобуси, кога според неговите зборови во фабриката со години нема ниту еден човек. Очевидец на случувањата во фабриката ни потврди дека неколку дена пред посетата на премиерот Заев во фабриката, на паркингот на фабриката имало паркирани автобуси. Тој ни потврди и дека во последно време таму почнале да се вртат луѓе од власта.

„Нема никој со години во фабриката, ниту се слуша звук или гледа активност, се зачудивме кога излегоа дека произвеле автобуси. Често се вртат луѓе кои ги гледаме на телевизија и се дел од Влдата“, изјави граѓанин кој секојдневно ги гледа активностите на „САНОС“, активности кои како што вели и ги нема

Економските експерти сметат дека позади оваа измама стои бизнис игра на моќници од власта кои сакаат да избегнат плаќање данок. За познавачите на ваквите прилики овде постои сомнеж за финансиска малверзација. Имено постои можност дека се работи за разработена мрежа каде компанијата набавува половен автобус и врши репарирање и потоа низ царината ги извезува како нов производ по што прави од државата фиктивен поврат на ДДВ со што се оштетува народниот буџет.

Откако почна да се одмотува клопчето, разочараните и гневни граѓани од владеење на СДСМ и Зоран Заев, почнаа да бараат одговори за криминалите кои оваа власт ги прави, за само три месеци како што велат тие, неверојатно но вистинито нема ден без да се појави некако скандал поврзан со работењето на Владата на Заев. Од Владата молк и само молк, никој ништо не кажува за активностите и филмската измама на премиерот Зоран Заев во „Санос“.

Граѓаните и порачуваат дека време е даночните инспектори и Јавното обвинителство да не спијат и да отворат истрага, бидејќи како што велат овде се работи за тежок криминал, удирање директно по државниот буџет и парите на сите жители на Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека се работи за мега скаднал. Дека ова може да биде една голема пералница на пари, со оглед на тоа дека можеби станува збор за репарирани автобуси кој беа прикажани како нови и дека истите ќе се извезуваат со цел да се одбегне плаќање на ДДВ кон државата.

„Ова е мега скандал. Оваа влада е срам за државата. Ова е срам за сите нас. Господине Заев доста ги лажете македонските граѓани со фантом фабрики и фантом инвеститори. Ова е криминал и за него мора да одговарате“, изјави Александар Тргачевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Освен бројка на вработени потребна е инвестиција во машини. Состојбата на САНОС е поприлично лоша. Во 2003/2004 година неа ја купи бизнисменот Славе Распашковски за околу 1,5 милиони евра со цел да го обнови производството на автобуси и да врати на работа поголем број од поранешните работници. Оттогаш имаше неколку безуспешни обиди за рестарт на фабриката.

Последната понуда за продажба на САНОС била во 2005 година од Волво, но не била постигната согласност поради превисоката цена која ја побарал управникот Распашковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.