Владата поради суета ги одбива сите предлози на ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше на емисија „Само интервју“ каде што појасни дека Владата сé  што преложи ВМРО-ДПМНЕ како мерка одбива. Вели тоа веќе не е политика, тука веќе се работи за суета.

Секој предлог којшто ќе го даде ВМРО-ДПМНЕ за нив е предлог  непријател. И покрај тоа што они сакаат во јавноста себеси да се портретираат како државен елемент, над ситуација итн. Фрустрацијата и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ е толку голема со што и да кажеме ние од ВМРО-ДПМНЕ за нив е неприфатливо, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ даде доста разумни предлози кои што веднаш ќе требаше да му помогнат на реалниот сектор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.