Владата предизборно стокмила нова кампања за ЕУ вредна 350 илјади евра

Владата во пресрет на изборите подготвува нова кампања во која ќе го афирмира и промовира членството во ЕУ и придобивките кои ќе ги имаат граѓаните. Кампањата ќе ги чини граѓаните 350.000 евра, објавува порталот Република, повикувајќи се на телевизијата Алфа.

Договорот е веќе потпишан пред една недела и тежи 18,5 милиони денари. Скопската фирма „Вертиго НМЕ“ треба да изработи слоган, дизајн на лого, графички стандарди, комуникациска и креативна стратегија, дизајн на билборди, промотивни видеа и видео анимации, веб банери, графички решенија за социјални мрежи, како и ПР стратегии.

Кампањата ќе ги опфати придобивките од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Македонија, преку повеќе канали на комуникација, изјавиле од Владата за Алфа ТВ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.