Владата пренамени пари за заостанати плати и трошоци на вработените во бившото СЈО

На седницата на Влада од 2 април, донесена е уредба за пренамена на средства од буџетот, за да им се исплатат на јавнобвинителските службеници, истражители и други вработени од поранешното СЈО пари од буџетот на Јавното обвинителство за тековни, трошоци, заостанати плати и заостанати тековни трошоци.

Уредбата е објавена и во Службен весник, објави Вечер.

Оваа „вест“ предизвика реакции во јавноста со оглед на тоа што СЈО не постои, главната обвинителка е во домашен притвор, а обвинителите се префрлени во редовното обвинителство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.