Владата пресече – учениците да се тестираат онлајн

На денешнат 14-та седница на Владата беа прифатени и дополнувањата на Уредбата за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта.

-Во случај на влошување на епидемиолошката состојба, проверувањето на постигнувањата на учениците ќе може да се врши и без физичко присуство на учениците, според упатствата за спроведување на проверка на постигнувањата на успехот на учениците без физичко присуство, изготвени страна на Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука, се вели во соопштението од влада.