Владата проблемот со струјата и парното ќе го решава со ТЕ-ТО

ТЕ-ТО ќе работи во полн капацитет седум дена во неделата наместо досегашните пет. Ќе продава вишоци на струја на ЕСМ по цена од максимум 170 евра за мегават час, а ќе обезбеди и топлинска енергија за скопјани да не останат без парно. Вака владата ќе го решава проблемот и со струјата и со парното. И покрај заканите дека БЕГ може да остане без лиценца – Бектеши денеска не одговори зошто не е одземена-уверува дека Скопјани нема да останат без парно.

Владата не ја одзеде лиценцата на БЕГ, туку проблемот со струјата и парното одлучи да го решава со еден потег. Ќе се активира во полн капацитет ТЕ-ТО, и ќе работи од 5 наутро до 1 часот по полноќ наредниот ден, седум дена во неделата, а не само пет.

Со тоа ЕСМ ќе го купува вишокот на струја од ТЕ-ТО по цена од максимум  170 евра за мегават час,  а ќе се се обезбеди и топлинска енергија за скопјани да не останат без парно.

– Се согледува дека АД ТЕ-ТО има производствен капацитет кој не е во целост искористен во текот на викендите и има вишоци во работните денови кои можат да бидат искористени за домашниот конзум. За информација на граѓаните, инсталираниот капаците на АД ТЕ-ТО изнесува 227 мегавати, а од понеделник до петок работат со 200, а не работат во сабота и недела – Крешник Бектеши, министер за економија.

Бектеши не одговори зошто не ја одзеле лиценцата на БЕГ. Вели бидејќи станува збор за одлука на владата во услови на енергетска криза – денешната одлука мора да ја почитуваат сите. Проблемот е решен за до крајот на јануари, за потоа  Бектеши вели во енергетска криза сме, одлуки можат да се носат постојано.

Сега практично не важи понудата за која БЕГ не се изјасниле, со 6 милиони евра  од кои 5 од државаната каса и 1 од Град скопје и општините да се помогне во набавката на природен гас. Бектеши вели има голема разлика во цената на природниот гас која ја понудил БЕГ и тие што се на берзите.

-Ги следиме цените во берзите и цените кои се понудени за македонскиорт пазар, за споредба за информација на граѓаните цените кои ги понудил Бег се 1.480 долари за нормален метар кубен,а само денеска ако проверите на берзите се под 900 долари и фјучерсите се движат од 850 до 950 долари, што има голема разлика во делот на цената на природниот гас која што ја бара БЕГ и тоа што е на берзите- вели Бектеши.

Колку пари ќе се дадат за струјата која ЕСМ ќе ја купи од ТЕ-ТО, ќе се знае утре кога ќе се стави потпис на договорот.