Владата прогласи тридневна жалост во Македонија, знамињата се спуштени на половина копје

Одлука за тридневна жалост поради автобуската несреќа во Бугарија се донесе на денешната владина седница, а државните знамиња пред Владата се спуштени на половина копје.

За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 ноември заклучно со 25 ноември (вторник, среда и четврток). Во тој период се одложуваат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост.

Сообраќајната несреќата се случи синоќа на патот „Струма“во Бугарија во која загинаа најмалку 45 македонски државјани.