Владата се реши за заем до евробврзницата од 400 милиони евра

Министерството за финансии ќе обезбеди „Заем до еврообврзница“ во износ од 400 милиони евра со рок на доспевање од 12 месеци, а од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе бидат повлечени 87 милиони евра, а од Светска банка 100 милиони евра за развојни политики, соопшти во неделата министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Заемот ќе биде со време на доспевање од 12  месеци, а целосно ќе се отплати со средствата кога ќе се издаде еврообврзницата.

Со цел да обезбеди сигурност на Буџетот и ликвидност на стопанството Министерството за финансии ќе обезбеди ткн „Заем до еврообврзница“ во износ од 400 милиони евра со рок на доспевање од 12 месеци.

Исто така, од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе бидат повлечени 87 милиони евра, а од Светска банка 100 милиони евра за развојни политики.

Како што појасни министерката за финансии Нина Ангеловска овој заем е најоптимален план за финансирање на буџетот, бидејќи за еврообврзницата треба да се чека најмалку два месеца, а нам финансиски средства ни требаат веднаш.

„Со цел да се обезбеди сигурност на Буџетот, пред сѐ, на буџетот на Министерството за здравство, ликвидност на стопанството со цел да опстојат компаниите и да се заштити секое работно место наместо издавање на обврзница за која треба да се чека над два месеца Министерството за финансии предложи да се побара Заем до еврообврзница во износ од 400 милиони евра со рок на доспевање од 12 месеци исклучително поволна каматна стапка“, истакна министерката Ангеловска.

Додаде дека со еврообврзницата во износ од 500 милиони евра која била планирана  да се издаде во втората половина на 2020 година требало да се покријат дел од долговите во износ од 700 милиони евра и дефицитот во износ од 283 милиони евра.

Ангеловска рече дека освен Заем до еврообврзница ќе се обезбедат 87 милиони евра од ММФ и 100 милиони евра од Светска банка за развојни политики.

Според неа, во услови на вонредна состојба нема да биде потребен ребаланс на Буџетот, а шокот од корона кризата ќе биде најголем во вториот квартал. Очекувањата, како што рече се дека во третиот квартал економијата ќе почне да закрепнува, а во четвртиот може да очекуваме целосно оздравување, па дури и раст на економијата. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.