Македонија добива нов долг во износ од 50 милиони евра. Владата на 11 овој месец ќе се задолжува преку државни хартии од вредност.
Имено, на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 3 милиони денари, или околу 50 милиони евра.
Експертите алармираат за огромните задолжувања која ја следат оваа влада посебно и поради отсуството на капитални инвестиции, инфраструктури и стратешки проекти.
Јавниот долг исто така го надмина плафонот односно психолошката граница од над 50 % од БДП што според економистите е опасен факт посебно за слаба економија како што е македонската.
Имено, власта пред да дојде на власт беше главен критичар на задолжувањата но од кога се во владејачка позиција континуирано ги практикува.