Владата тврди дека СЈО не заминува во историјата!

Не е точно дека во разговорите со опозицијата било кога се заклучило дека СЈО нема да продолжи да функционира и дека било договорено опозицијата да предложи нов јавен обвинител, велат во демантот од Владата.

Преку законското решение за СЈО единствено нешто што ќе замине во историјата е неказнивоста, се вели во демантот.

Сепак во демантот од Владата не објаснуваат во каква форма ќе продолжи да функционира СЈО, дали како самостојно тело или во рамките на Основното јавно обвинителство.

НетПрес претходно од партиски извори објави дека заклучено било дека СЈО нема да продолжи да функционира во оваа форма како досега, но и дека начелно е договорено опозицијата да предложи нов Јавен обвинител. Останало да се договори временска рамка во која тоа ќе се реализира. Јавен обвинител предложен од опозицијата е барање на опозицијата со кое се сака да се гарантира дополнителна непристрасност во процесите кои се одвиваат за докажување на правдата.