Владата вечерва донесе уредба за двојазични ознаки на униформите на полицијата

Во Скопје и во општините во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, ознаките на униформата на полицијата ќе бидат напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој што го зборува малцинството.

Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата е донесена вечерва на владина седница.

– Оваа Уредба е донесена врз основа на Законот за употреба на јазиците, каде што според член 8 став (3) е утврдено дека униформите на полицијата во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Северна Македонија и неговото писмо, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Уредба влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“, а ќе почне да се применува во текот на една година од денот на влегување во сила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.