Владата во 16 часот ќе одлучува дали ќе се укине или намали полицискиот час

Заврши седницата на Кризниот штаб, а за во 16 часот е закажана и владина седница, дознава Нетпресс.

Како што објавивме, денеска Комисијата предложи укинување на полицискиот час и отворање на границите од 1 јуни. Според препораките се сугерира отворање на угостителските објекти и рестораните од четврток.

Според извори од Комисијата, поради тоа што овие препораки се олеснителни, ако ги прифати, најверојатно Владата нема да бара ново продолжување на вонредната состојба по 1 јуни.