Владата втор месец ги крие податоците за бројот на невработените, за да ја сокрие својата неспособност

Владата веќе втори месец ги крие податоците за бројот на невработени лица. Нема никакви информации од надлежните институции, пишува на својот Фејсбук профил Дарко Лазаров од ВМРО-ДПМНЕ.

Со криење на податоци, не може да се сокрие неспособноста!

Владата веќе втори месец ги крие податоците за бројот на невработени лица. Нема никакви информации од надлежните институции за тоа:

– колку граѓани добиле отказ, односно ги изгубиле своите работни места, и

– колку граѓани останале без плата во последните неколку месеци.

Само за потцетување, согласно последните податоци на УЈП, во месец мај плата добиле 30.000 граѓани помалку споредено со почетокот на годината, што значи дека 30.000 семејства останале без доход за егзистенција за само неколку месеци. Претпоставувате зошто се кријат податоците за јуни и јули.

Но, со криење на податоци не може да се сокрие неспособноста на Владата за справување со кризата, вели Лазаров во својата објава.