Владејачката грузиска партија води на локалните избори

Грузиската владејачка парти има убедливо водство пред опозициските Обединетото национално движење кое го основа поранешниот претседател Мхаил Саакашвили, покажуваат во неделата објавени резултатите од локалните избори одржани во време на долготрајната политичка криза.

Грузијците гласаа во саботаа, ден откако властите го упасија Саакшвил кој се врати од егзил за да ѝ се приклучи на опозицијата. По Саакашвили во грузиски суд во 2018 година беше осуден за злоупотреба на службената положба во перидот од 2004/2013 година, кога беше шеф на државата.

Владејачката партија Грузиски сон освоила 47,6 отсто од гласовите, а Обединетото национално движење 30,5 отсто од гласовите, по пребројувањето на 85 отсто од избирачкиот материја.

Локалните избори во земјата со 3,9 милиони жители се одржани откако главната опозициска партија со месеци го бојкотираше парламентот поради за неа спорните парламентарни избори минатата 2020 година.

Според договорот склучен пред неколку месеци со посредство на Европската унија, владата се обврза да распише нови парламентарни избори доколку Грузиски сон освои помалку од 43 отсто од гласите на локалните избори. Договорот пропадна откако откако од него се повлече владејачката партија, но политичките аналитичари наведуваат дека резултатите од изборите, доколку Грузиски сан падне под 43 отсто и не распише избори, може да доведат до протести.

Едно од главните прашања на грузиската внматрешна политика е доносот кон Русија. Саакашвили беше претседател во 2008 година, кога влезе во авантура да воведе целосна управа над кавкаската автономна област Осетија и покрај меѓународните договори, што го искористи Москва за инвазија врз Грузија.

Актуелната грузиска претседателка Саломе Зурабишвили изјави дека нема да го помилува Михаил Саакшвили и го обвини дека намерини се обидува да ја дестабилизира земјата. Неговиот адвокат го осуди апсењето како политички мотивирано.

Саакшавили во саботата во писмо, коешто го објавија неговите адвокати, порача дека е уапсенпо пресудите коишто наводно ги наметнал рускиот претседател Владимир Путин.

Михаил Саакашвили по покана на поранешниот украински претседател Петро Порошенко се пресели во Украина по тамошниот државен преврат поддржан од Западот, и беше регионален гувернер од 2015 до 2106 година во Одеската област, населена претежно со руско и рускојазично население којашто е под контрола на силите лојални на Киев. Таа позиција ја напушти по кавгата со Порошенко, кого го обвини за раширената корупција во Украина.

Додека Саакшвили во 2017 година неколку месеци престојуваше надвор од земјата, Порошенко му го одзема државјанството коешто експресно му го издаде две години претходно, откако имаше шпекулации дека ќе се кандидира за претседател. Саакашвили во септември 2017-та илегално влезе во Украина минувајќи ја границата со Полска во текот на масовниот судир на неговите приврзаници и украинската полиција. Саакашвили во Украина имаше доста мала поддршка, само 1,7 отсто од гласачите ја поддржуваа неговата партија Движење на новите сили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.