Владејачкото мнозинство го отфрли предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за формирање Интервентен фонд од 300 милиони денари

Владејачкото  парламентарното мнозинство го одби во средата предложениот амандман на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за формирање на Интервентен фонд во износ од 300 милиони денари.

Интервентниот фонд е наменет за регулирање на пазарните пореметувања со пониската откупна цена во однос на производната цена за килограм грозје.

Формирањето на Интервентниот фонд е со цел обезбедување финансиски средства за исплата на дополнителни 3 денари за килограм за произведеното и предадено винско грозје од страна на лозаропроизводителите. Преку фондот лозаропроизводителите ќе беа сигурни дека ветените 3 денари дополнителна финансиска поддршка од страна на ресорното Минитсрество навистина ќе им бидат исплатени.

СДСМ ветуваше дека во рок од 6 месеци од формирањето на влада ќе го формира фондот. Во меѓувреме неколку пати помина периодот од 6 месеци, а фондот сеуште не е формиран.