Владика на МПЦ со бугарска делегација од Ерусалим ќе го донесе Благодетниот оган

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска се сретна со старозагорскиот митрополит Кипријан, кој е раководител на Комисијата за признавање на статусот на МПЦ – Охридска архиепископија, пренесе „БГнес“.

Комисијата беше формирана кон крајот на 2017 година, на барање на МПЦ за соседната БПЦ да придонесе кон признавањето на нејзиниот статус во економската заедница.

За време на средбата меѓу премиерот Борисов и митрополитот Кипријан станало збор за начинот на кој од Ерусалим бугарска црковна делегација ќе го донесе Велигденскиот благодетен оган и ќе ѝ го предаде на претставник на МПЦ-ОА.

Бугарија првпат благодетен оган ѝ предаде на Македонија минатата година.

Токму старозагорскиот владика Кипријан годинава ќе патува во Ерусалим по благодетниот оган, а при посетата, што ќе се реализира со бугарскиот владин авион, за првпат во црковната делегација ќе се наоѓа и македонски епископ, што била изричита молба на МПЦ.