Владимир Цвијан: Поднесов кривична пријава против Вучиќ

83

Пратеникот на Српска напредна странка (СНС) Владимир Цвијан, денеска потврдил дека поднел кривична пријава против лидерот на СНС, кој воедно е и вицепремиер на Србија, Александар Вучиќ, поради, како што тврди, обид за физички напад и навреда, на последната седница на СНС.

„Ова е прилика да го видиме српското правосудство на дело“, рекол Цвијан за „Танјунг“.

Цвијан навел дека за случувањата на седницата на Претседништвото на СНС, на 18 декември, ги известил и амбасадите на Франција и САД и повторил дека наскоро патува во Лондон, па и странските фактори ќе го следат текот на случувањата.

tviter-cvijan

Цвијан ја напуштил седницата на Претседништвото и на својот Твитер профил напишал дека претседателот на СНС се обидел да го нападне и ги навредувал него и неговите соработници.

За инцидентот новинарите ги известил потпретседателот на партијата, Небојша Стефановиќ, кажувајќи го спротивното, дека Цвијан му дофрлал пцовки на Вучиќ.

Претседателот на Извршниот одбор, Радомир Николиќ, исто така потврдил дека Цвијан „некултурно се однесувал“.

Другиот потпретседател на партијата, Братислав Гашиќ, навел дека по инцидентот, членовите на Претседништвото барале исклучување на Цвијан од СНС, но Вучиќ не се согласил со тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.