Владимир Егоров освои бронзен медал за Македонија на Медитеранските игри (ВИДЕО)

Владимир Егоров го освои првиот медал за Македонија на Медитеранските игри Оран 2022, односно се закити со бронза.

Егоров во борбата за бронзата славеше против домашниот борач Кербаче во категоријата до 65 килограми. Тој ја доби борбата во последните 19 секунди, кога противникот водеше 2-1, но со неколку поврзани акции, префрлања, славеше со 7-2.

Се очекува настапот на Могамедгаџи Нуров за златниот медал.