Владимир Кличко: Украина се наоѓа на работ на граѓанска војна

Познатиот боксер и брат на лидерот на опозициската украинска партија „Удар“ Виталиј Кличко, Владимир Кличко изјавил дека Украина се наоѓа на работ на граѓанска војна и ситуацијата во земјата може да доведе до диктатура, пренесе “Газета Ру“.

„Постојните проблеми кај нас, за жал може да прераснат во граѓанска војна, каде ќе загинат многу луѓе. Можеме да ја загубиме Украина, а ќе биде воспоставена и диктатура “, вели Владимир Кличко.

При тоа боксерот, решил да тргне по стапките на својот постар брат Виталиј, забележувајќи дека ситуацијата во земјата е критична и може да се промени и да ескалира во секој момент .