Владимиров: Ветото за Македонија е акција на руските специјални служби

„Ветото за Македонија не е замислено и креирано во Софија. Според мене, ветото е акција на руските специјални служби и ова е класичен пример за хибридна акција против НАТО и ЕУ. Многу олигледно е дека сите руски играчи ви Бугарија се вклучени во оваа работа“, изјави политичкиот аналитичар од Софија, Владимир Владимиров во вечерашното гостување на „Топ тема“ на ТВ Телма.

Според него, ова се прави „прво за да ја немаме оваа бугарска влада и втора работа, да се запре економскиот развој на Бугарија и целиот економски развој на Западен Балкан“.

-Не би сакал да давам прогнози дали ќе се крене ветото до крајот на француското претседателство со ЕУ. Бугарија не доби поддршка од ниту еден свој партнер во ЕУ и НАТО за ветото, рече Владимиров во емисијата „Топ тема“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.