Владината коалиција пука: Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, сака без ДУИ да формира нова Влада

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири сака неговата партија без ДУИ да формира Влада.

Тој вечерва е гостин во Телма телевизија каде не штеди зборови против коалициониот партнер во Владата.

Зекири истакна дека негова цел е СДСМ да направи Влада во која нема да биде ДУИ.

За потсетување, по изборите во 2016-та година Заев немаше да формира Влада ако не направи коалиција со ДУИ и Алијанса.

Останува да видиме дали ветувањето на Зекири дека ќе работи во насока на тоа СДСМ да ги исфрли ДУИ од коалицијата, ќе ја разнишаат Владата и пред изборите.