Владите на ЕУ го одобрија трговскиот договор со Британија

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон Дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска треба да го потпишат привремениот трговски договор со Британија.

Договорот од 1.250 страници во Лондон ќе го потпише и британскиот премиер Борис Џонсон, а за него ќе расправаат и британските пратеници.

Владите на Европската Унија вчера го одобрија трговскиот Договор за регулирање на односите меѓу Унијата и Британија, со што се отвора патот за негова привремена примена од 1 јануари.

Договорот, кој ги зачувува британските нулта тарифи и нула квота пристап до единствениот пазар на еу од 450 милиони потрошувачи, беше постигнат на 24 декември, четири и пол години откако Британците гласаа со мала разлика на референдумот за напуштање на Унијата.