Владо Јовановски: Никаде не повикувам нa војна, стравувам од војна која сакаат да ни ја наметнат други!

јовановски

-Јас само стравувам, дека вака како што е доведена ситуацијата од сите страни, дека може да дојде до несакани псоледици и војна. Тоа не е тајна, други луѓе повикуваат на војна, не јас. Сетете се колку странски амбасадори, конгресмени јавно искажуваат ставови дека Република Македонија треба да се подели помеѓу две балкански држави, рече Јовановски.

Коментирајќи ги нападите од негови колеги кои беа дел од опозициската „Шарена револуција“, Јовановски рече дека некој си има таква задача, некои се платени за тоа, некои се организирани, оркестрирани.

-Не ми е првпат да ме “стрелаат“ или да ме обидат да ме “отстрелат“, но овој пат ги поминаа сите граници на разумност, рече Јовановски.