Владо Јовановски: Олеснувачите и стратешките поддржувачи не треба да создаваат тензии

„Ван Хојте постираше некакви мачки што го бараа музејот на Македонската борба и со провокативни ставови ги навредуваше моите лични чувства како Македонец, но и нашите колективни чувства, зашто тој музеј на борбата е создаден како резултат на многу востанија што ги водел народот, резултат на многу реки пролеана крв на нашите предци, па сме дошле до позиција кога имаме се уште некаква сувереност и сме направиле музеј. Непристојно е некој од ЕУ да доаѓа и да објавува навредливи коментари. Не навлегувам во тоа колку се платени тие олеснувачи, претпоставувам многу“, вели Јовановски.

Тој додаде дека Ван Хојте доаѓа од Белгија од средиштето на Европската Унија, а сите ние добро знаеме какви злосторства има Белгија направено во Африка.

„Не може секој да ни попува за демократија, но најмногу ме вознемири тоа што се меша во внатрешната политика. Ги упатува албанските партии да не коалицираат во ВМРО-ДПМНЕ, ги хушка дека во средините во кои живеат Албанци немало инфраструктура, градинки, сали… Се работи за директно мешање и извртување на фактите. Вакво поттикнување на меѓуетнички тензии, не смеат да му дозволат институциите. Никој нема право да поттикнува такви тензии, за ние да гинеме потоа.  Ќе ве потсетам, слично настапи лани Американската амбасада  по повод кумановските настани. Имено додека траеше акцијата во Дива Населба Американската амбасада објави соопштение во кое стоеше дека има цивилни жртви, што подоцна се виде дека не е вистина, но не се извини за тоа што директно поттикнуваше меѓуетнички судир. Кој им дал право? Оваа информација подоцна не беше демантирана“, потсети Јовановски.

Актерот додаде дека институции што се претставуваат како наши стратешки партнери не треба директно да поттикнуваат немири и да се мешаат во домашните работи.

Јовановски гостуваше во ОКО на ТВ НОВА со Горан Петрески, каде зборуваше за театарот, љубовта кон Македонија, активизмот на социјалните мрежи и актуелната политичка состојба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.