Владо Вуковиќ за Канал 5: И армијата да се вклучи во отстрелот на дивите свињи

Професорот по свињарство, Владо Вуковиќ, во интервју за Канал 5 повика во сузбивањето на африканската чума да се вклучи Армијата.

Африканската свинска чума е вирусна, болест која не е опасна за човекот но е економски катастрофална за свињарството е се поблиску до нашите граници.

Дали се преземаат доволно превентивни мерки е побараномислење од науката која ги следи состојбите и кај нас, но и во Србија и Бугарија каде ја има оваа болест.