Влаховиќ на дебито во ЛШ постигна гол за 32 секунди, но Конопјанка погодил само по 19 секунди!

Душан Влаховиќ го одбележа првото полувреме на денешните мечеви од Лигата на шампиони. Новото засилување на Јувентус му донесе водство на својот тим само по 32 секунди од почетокот на натпреварот.

За Србинот ова е дебитантски настап во елитното натпреварување на УЕФА, но сепак неговиот гол не е најбрз дебитантски погодок во ЛШ. Во 2015 година, на дуелот Севилја – Борусија Менхенгладбах, Евген Конопјанка постави рекорд кој ниту Влаховиќ не успеа да го сруши.

Украинскиот фудбалер влезе во 84-тата минута и само по 19 секунди поминати на теренот во дебито од Лигата на шампионите, успеа да даде гол, и тоа со првиот допир со топката. На Влаховиќ му беа потребни 32 секунди.

https://twitter.com/wyngback/status/1496214667445874701?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1496214667445874701%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fuefa%2Fna-vlahovikj-mu-trebaa-32-sekundi-za-debi-gol-vo-lsh-video

 Трет на оваа листа е Енди Мелер, кој во 1995 година даде гол за Борусија Дортмунд само по 37 секунди поминати на теренот. Четврти на оваа листа е Гари Мек Свегелур, кој во дресот на Ренџерс погоди само по 41 секунда откако се појави на теренот на меч во 1992 година.