Власта е немоќна дури и кога ги има Обвинителството и Антикорупциска на своја страна

101

„Теретана“ не е случај за кој треба да одговара претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одлучи нивното Обвинителство како што за „Хидроцентралите“ одлучуваше нивната Антикорупциска. Наместо да го оцрнат Мицкоски, „Теретана“ и „Хидроцентрали“  потврдуваат дека владината пропаганда е немоќна пред вистината дури и кога на своја страна ги има Обвинителството и Антикорупциска.

Откако е во високата политика, веќе три години, власта води црна кампања против опозицискиот лидер. Преполна со лаги, измислици, подметнувања и клевети, за да се тргне вниманието на јавноста од продажбата на името, криминалот, корупцијата, лошите економски политики.

-Нивното обвинителство не можејќи да најде ниту една темна дамка во моето однесување, денес објави дека нема ништо од случајот “Теретана”, дека не е прекршено ниту едно правило, или несовесно постапувано, наспроти целокупното брутално лажење на СДСМ пред изборите на оваа тема. Доведоа до ранг да е престап и злосторство спортувањето на Водно, а упропастувањето и продавањето на државата да викаат дека е блескање, напиша вчера Мицкоски на Фејсбук.

Лагите на власта се распрснуваат, а како поткрепа на ова е и одлуката на Државната комисија за спречување корупција која донесе одлука дека нема судир на интереси во хидроцентралите на Мицкоски. Овој случај тој го нарече „хајка за мојот имот кој го стекнав пред да влезам во високата политика“.

-Откако и нивната Државната комисија за спречување на корупција кажа дека се е чисто, ги нема да кажат некој збор за тоа, молчат. Но, факт е дека не сме сите исти. И колку тоа да сака да го престави така власта, треба да знаат дека честа и образот за мене немаат цена. Дури и во едни вакви услови, на апсолутна власт на СДСМ, со се што видовме овие три години, притисоци, монтажи, рекети, не успеаја да контруираат случај против мене. Но, за жал, неуспешно. Очекувам најмалку барем да се извинат за клеветите кои ги изрекоа против мене и моето семејство, но поважно е да сфатат дека не сме сите исти, и дека во политика може да има и чесност, принципи и чест, додаде Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.