Власта е нервозна, со активната блокада покажавме колку е нестабилно парламентарното мнозинство, вели Лефков

Започнавме со активна блокада во Собранието и се гледа како тоа успеа да го вознемири парламентарното мнозинство, практично со покажавме колку е нестабилна и на што се е подготвена оваа влада. Граѓаните имаа можност да видат како во текот на вчерашниот ден самоволно се толкуваше деловникот од страна на Деловникот, и таа агенда која ја имаат СДСМ и ДУИ ја спроведуваат преку Талат Џафери, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во „Студио 10“ на ТВ24.

– Тоа кршење на Деловникот се виде и вчера кога по член 70 барав измена и дополнување на дневниот ред со закон за стокови резерви оризот да биде ставен во култури кои се од посебен интерес за граѓаните, не го добив ни потребното време за образложение, а Џафери се однесуваше како да нема никаков предлог, додаде Лефков.

Тој посочи дека сега на државата и се случува тоа што се предупредуваше кога Ковачевски стана премиер дека нема легитимитет и начинот на кој тој стана премиер е како да се избира монарх и секогаш кога има автократија, прво нешто што се прави е да се намали угледот на парламентот со цел да се намали кредибилитет на народните претставници.

– Ние нема да дозволиме тоа да се случува и како што гледате активната ќе биде пропратена со поднесување на закони кои се од директен интерес за граѓаните како што се предлог законот за изменување и дополнување на законот за земјоделство и рурален развој и предлог законот за изменување и дополнување на закон за стокови резерви кои се однесуваат на оризот. Во ек е сеидбата на оризот и тие луѓе мора да бидат сигурни во својот пласман, а ни се заканува прехранбена криза, рече Лефков.

Тој истакна дека активната блокада е за да се спречи власта да направи целосен хаос во државата, да се спречи самоволието на власта и како пример го даде огласот во службен весник за основање на трговско друштво за организирање на игри за среќа иако законот бара тоа да биде единствено друштво кое веќе постои, а тоа е Лотарија на Македонија.

– На третата најуспешна македонска компанија која прави милионски приходи владата сака да ја менува, како што се случи со МЕПСО и ЕСМ, да создаде целосен хаос. Ние остануваме доследни на принципите, ќе покажеме како не може и спиновите на власта имаат рок на трајност. Нема да може вечно да ја замајуваат јавноста, потенцира Лефков.