Власта е полна со паразити кои земаат плата, а не работат ништо

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во утринската емисија „Еспресо со Златев и Боцевски“ во Радио Лидер, вели дека во државата има многу функционери паразити кои земаат високи плати, а не работат ништо, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го промени на начин на кој ќе се направи систем на вредности во општеството.

-Треба да се направи систем на вредности во општеството што функционира од From the bottom to the top, односно од дното нагоре, оние кои се неквалификувани, па се до најквалификуваните. И сега ние треба да видиме да земеме пример како тоа функционира во развиените земји затоа што ние се стремиме да одиме таму, рече тој.

ицкоски нагласи дека мора да има плата по учинок, односно како пример го зема образованието за кој рече дека доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, во програмата ќе предложи примањата за високото образование на наставно образовниот кадар да биде по два критериума, едниот, оној фиксниот и вториот, по научен придонес, односно доколку некој објави научен труд во весник со фактор на влијание, државата следната година ќе му овозможи уште едно примање во висина колку неговата месечна плата.

-Јас имам искуство како тоа функционира и не треба ние „топла вода“ да измислуваме, само треба тоа да го направиме кај нас и ако не го направиме, јас сум сигурен дека нема да бидат вакви ликови како бели мечки заштитени. Нема да бидат ваквите ликови луѓето кои се расфрлаат со неодговорни изјави, туку ќе може поинаку да функционираат. Ние во нашата програма, повторно ќе се вратам на образованието во 2020 година, а тоа сега ќе го надградиме за следните избори и ќе го прошириме, предвидовме примањата за високото образование на наставно образовниот кадар да биде по два критериума. Едниот е фиксниот надомест поради образовната дејност која што ја врши секој од нив, а вториот е поради научниот придонес. Ако некој успее да објави оваа година два труда,  добива следната година двојна плата. Ако сега државата за редовен професор издвојувала да речеме 38.000 денари, следната година тој ќе зема 76.000 денари само од државата, затоа што објавил трудови во часопис и со фактор на влијание. Тоа значи место погоре на Шангајската листа. Кога имате место погоре, тогаш станувате атрактивни и за светски умови, истакна Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.