Власта ги игнорира легитимните барања на просветните работници и враќа со притисоци и понижувања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Власта на СДСМ и ДУИ на секој можен начин ги понижуваат вработените во образованието. Еднаш тоа го прават со притисоците, заканите и заплашувањата, а од друга страна ги игнорираат нивните барања за покачувања на платите согласно колективен договор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочувааѕ дека затоа се оправдани и легитимни барањата за повисоки плати на просветарите.

-Покачувањето на платите кое го нуди владата не може да се покрие ни два дена пазарење од продавниците. Инфлацијата само во месец март достигна до 8,8%, маслото за јадење е поскапено 100%, лебот 110%, горивата за околу 80%, струјата за 30% и сите останати основни животни трошоци. И сега кога наставниците, негувателките и професорите бараат повисоки плати власта на СДСМ и ДУИ им велат дека немало пари, а во исто време милиони евра завршуваат на криминални физибилити студии, за кафиња, цвеќиња, фстаци и хотелски услуги. Криминалците од власта не сакаат да се откажат од парите кои може да ги трошат за своите удобства, се наведува во партиското соопштение.