Власта и Атиџе ја излажа, ништо од медениот живот

459

„Ѕвездата од Медена земја доби ветување за нов кров“, „Работа и професионално снимање на две песни.“, „Животот и се насмеа на Атиџе“… Вака пишуваа медиумите пред само 8 месеци за протагониската од документарецот кој беше номиниран за два оскари „Медена земја“, Атиџе Муратова.

Надлежните ветуваа многу, за на крај да не исполнат ништо. Вака во кратки црти се опишува животот на веројатно последната жена во Европа кој одгледува диви пчели. До ден денешен, скромната Атиџе не стана ниту туристички водач, ниту снимаше песни, ниту пак доби нов кров на нејзината куќа. А и ветуваа брда и долини.
Наместо ветената помош, тогаш власта потрча по собирање на политички поени претставувајќи се дека сакаат да и обезбедат по пристоен живот на Атиџе која како што раскажуваше животот и не бил така милослив кон неа.

Потпретседателот на СДСМ Коста Петров, на средба со Атиџе, порача дека Атиџе е национална хероина и најмалку што може да се направи за неа е да и се обезбедат услови за достоинствен живот.

– Атиџе за сите нас е национална хероина и најмалку што можеме да направиме е да ѝ обезбедиме услови за достоинствен живот. Токму поради тоа навистина сум среќен што Општина Лозово и Градоначалникот Ацо Велковски ќе се погрижат за кровот на куќата на Атиџе во село Дорфулија. Атиџе ти си жив пример за одржливост и ти благодариме за сите животни лекции, но најмногу за „задржи половина за себе, а другата половина остави им ја на пчелите. Единствено следејќи го твојот пример можеме да го зачуваме светот за генерациите кои доаѓаат после нас“, напиша тогаш потпретседателот на СДСМ Коста Петров.

Слична објава имаше и тогашната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, која напиша дека е среќна што општина Лозово ќе се погрижи за санација на кровот на куќата во која живее Атиџе, но и дека таа е наша гордоста на која ќе и се обезбедат соодветни услови за пристоен живот.

-Прекрасната Атиџе од „Медена земја“ е наша гордост и за сите нас е национална хероина. Најмалку што можеме да направиме е да ѝ обезбедиме услови за достоинствен живот. Денеска имав можност лично да се запознаам и да се информирам дека таа и нејзиното семејство се корисници на повеќе права од социјалната реформа. Исто така сум среќна што Општина Лозово ќе се погрижи за санација на кровот на куќата на Атиџе во село Дорфулија. Атиџе ти си инспирација за секоја жена, пример дека може да се успее во се што се работи и при тоа да води сметка за природата. Доказ за тоа е твојата животна филозофија „задржи половина за себе, а другата половина остави им ја на пчелите“. Земањето од тоа што ни го дала приридата за да се преживее, без при тоа да не се наштети и да се обезбеди одржливост е лекција којашто сите треба да ја научиме за да го сочуваме светот за идните генерации, напиша Шкријељ.

Да не биде покусо и да добие бесплатен медиумски простор, да се фотографира со Атиџе од Медена земја потрча и министерот без ресор за привлекување на странски инвестиции Елвис Хасан, кој поминал дури 36 километри пешки за да се сретне со неа.
-Ја посетивме Хатиџе Муратова, протагонистот на македонскиот документарен филм “Медена земја”, која ги освои срцата на целиот свет со својата приказна и својата љубов кон природата и кон сите живи суштества. Пешачевме околу 36 километри (7часа) од с.Дорфулија до с.Бекирлија каде што живее хероината и каде беше снимен филмот. Низ филмот Хатиџе не учи на изгубените вредности, а гледаме и како алчноста на луѓето ја уништува земјата, пиша Хасан на својата фејсбук страна.
И министерката за финансии Нина Ангеловска, се јави и потрча да каже нешто за скромната Атиџе, а на својата фирма Групер објави пакет аражман во вредност од 1899 денари кој вклучува пешачка тура по патот на Атиџе Муратова, последната жена во Европа која одгледува диви пчели.

Ветувањта паднаа во вода. Јавноста реагира на ваквото поигрување со човечки судбини, сметајќи дека поигрувањето на човечки судбини е срамно, ниско и недозволиво, поготово кога станува збро за политички цели и собирање на политички поени. Се чини, дека проблемите на Атиџе не се само неипсолнетите ветувања, пред само четири дена истата таа Атиџе со која потрчаа да се фотографираат ветувајќи и живот со солзи во очите побара помош бидејќи како што изјави стравува за сопствениот живот од својот насилен сосед.
И останатите ликови во документарецот Медена земја останаа заборавени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.