Власта и опозицијата предлагаат познати правници за судии во Уставниот суд

Почна седницата на Комисијата за избори и именувања, на која треба да се предложат до 120-те пратеници три имиња – кандидати за судии во Уставниот суд. Иако членовите на Комисијата за избори и именувања тврдеа дека официјално не ги добиле предлозите за тројца уставни судии, од четири упразнети места, истече списокот на предложените имиња од власта и опозицијата – сите истакнати правници и професори.

Иако се уште официјално партиите не ги открија своите фаворити за уставни судии, веќе се познати имињата кои ќе ги предложат за испразнетите места во Уставниот суд. Па така, како предлози од СДСМ, покрај републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, се спомнуваат и Фатмир Скендер кој е судија во Апелација, избран во 2013 година, и Тања Васиќ, која беше правен советник во Министерството за здравство, а подоцна и во правда.

Како предлози од опозицијата пак се споменуваат имињата на Тодор Витларов, кој е виш јавен обвинител, професорот Саво Климовски, како и професорката Родна Живковска, но и пензионираниот претседател на Основниот суд Гостивар Бранко Секуловски, кој последен пат во јавноста зборуваше на промоцијата на книгата „Колумни“ на професор Ѓорѓе Марјановиќ.

Уставниот суд функционира без четворица судии на кои им истече мандатот.