Власта ја задолжи Македонија за 1,6 милијарди евра

Македонија главно ја движи градежништвото и земјоделството, тие се два крупни сектори. Во јануари оваа година вредноста на извршени градежни работи е намалена за фантастични 37 проценти. Имаме уште пострашна бројка, досегашните  договорени градежни работи се паднати фрапантни 59 проценти, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во синоќешната „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

-Република Македонија зеде обврзница и вкупно се задолжи во изминатиов период откако СДСМ е на власт за 1,6 милијарди евра, изјави Николоски.

Тој напомена дека дел од позајмените средства од задолжувањата не се искористени и стојат на сметката на државата, а пак Македонија за нив плаќа камата. Според Николоски основен индикатор како државата економски стои е какво е прибирањето на приходи во буџетот, кое што според неговите зборови е одраз на две работи, економската активност и фискалната дисциплина.

За периодот од 01.01 до 31.03 оваа година во делот на планирано- остварено имаме разлика минус 7,33 проценти, споредено со 2017 година, која беше кризна година, со оваа 2018 првите три месеци минус 2,61 процент. Значи дури и тие три месеци лани кога не се формира Влада, имаше протести итн. биле подобри од оваа година, изјави Николоски.

Николоски напомена и многу други делови од економијата каде што има доста голем пад за разлика од лани.

Клучна работа, Македонија главно ја движи градежништвото и земјоделството, тие се два крупни сектори. Во јануари оваа година вредноста на извршени градежни работи е намалена за фантастични 37 проценти. Имаме уште пострашна бројка договорените градежни работи се паднати фрапантни 59 проценти, изјави Николоски.

Тој кажа дека ова е токму периодот кога се прават договорите, а падот е за скоро 60 проценти.

Тој напомена и дека единствени позитивни бројки СДСМ има во извозот, но тоа е поради странските инвестиции, кои не се дел од главните економски политики на актуелната власт.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.