Власта лаже дека нема да се почувствува енергетската криза, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Власта лаже дека нема да се почувствува енергетската криза, зошто тогаш поскапе парното, реагираат во неделата од ВМРО-ДПМНЕ.

Притоа, во обраќањето до јавноста од опозициската партија потсетуваат дека пред само два дена Рекулатроната комисијза за енергетика (РКЕ), „како резултат на неспособноста“ на Владата да обезбеди евтин енергенс ја зголеми цената на парното за 15 отсто.

„Заради неспособноста и криминогеноста на владата домаќинствата со двособен стан ќе плаќаат 70 евра годишно повеќе, а тие со трособен или поголем дом и до 120 евра повеќе за една година само за парно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, ова поскапување е „само почеток“, затоа што раст на цените се очекува и од наредната година. Оценуваат, притоа, дека ситуацијата со центата на енергија можела да биде поинаку, доколку актуелната влада навремено обезбедеше поевтин енергенс, како што тоа го сторија другите држави од Европа.

„И не е само покачената цена на парното. Народот веќе плаќа 18 отсто поскапа струја, а од есен граѓаните кои се греат на струја ќе имаат и до 138 приценти поскапи сметки“, констатираат од ВМРО-ДПМНЕ..

Ја обвинуваат Владата дека сака својата неспособноста да ја оправда и проблемот со енергенсите во земјата да го претстави само како рефлексија на глобален проблем.

„Доколку ЕЛЕМ произведуваше струја како пред 6 години сега на годишно ниво ќе се заштедеа и до 250 милиони евра. Тоа што се плаќа скап увоз е затоа што не се произведува доволно. Исто е и со гасот, Македонија плаќа поскап гас и од Србија, и од Унгарија и од Австрија и од Германија, и од голем број други европски држави. Владата е виновна затоа што народот плаќа скапи енергенси во форма на услуги за парно и струја“, се заклучува во соопштението.