12.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

Власта на Ковачевски бега од носење на мерките кои треба да го заштитат стандардот на граѓаните и ќе го запрат поскапувањето на цените

Цените на основните продукти растат секој ден, а со тоа македонските граѓани осиромашуваат се повеќе и повеќе. Додека сите сериозни држави носат мерки за да се заштити стандардот на граѓаните, кај нас Владата мерките не само што не ги продолжи, туку и не кажува дали воопшто размислува да преземе нешто итно, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Инфлацијата во април достигна 10,5% и беше една од највисоките во Европа, а од тогаш цените на енергенсите и продуктите во маркетите вртоглаво пораснаа. Лебот достигна 40 денари, брашното, млекото и шеќерот се 60 денари, маслото за јадење над 165 денари. Ако на ова се додаде дека поскапеа и горивата и електричната енергија тогаш граѓаните се доведени до егзистенција. Владата на Ковачевски без срам бега од одговори зошто не ги продолжи мерките кои предвидуваа намалени или укинати стапки на ДДВ за клучните животни продукти и зошто дозволи ваков ценовен шок. Впрочем и пратениците од ВМРO-ДПМНЕ и Коалицијта поднесоа законот за изменување и дополнување на Законот за данокот за додадена вредност и Предлог законот за изменување на Законот за акцизи со кои акцизата за горивата ќе се преполови и ќе се даночат со стапка од 5%, наместо моменталните 18%, а прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022, истакнуваат од опозициската партија.

Но власта неколку дена бега од носење на овие измени со кои ќе се заштити стандардот и семејниот буџет на граѓаните, додаваат од таму.