Власта на Ромите преку социјални мрежи им нуди вработување во странство

самка Ибраимовски, пратеник од ПЦЕР во македонското Собрание и коалициски партнер на СДСМ на своите гласачи им наоѓа работа во Германија. на неговиот фејсбук профил тој ги повикува сите ѕидари, тесари, градежни работници да го контактираат на мобилниот телефон за работа во Германија. Коментарите на социјалните мрежи се движат во насока дека претставникот на Ромите во македонскиот парламент е Агенција за вработување или за странски инвестиции.

-Дојде #ЗаЖивот и за Ромите – ама во Германија. Се прашувам дали е Самка Биро за Вработување или Агенција за Странски Инвестиции?, се вели во еден коментар.

-А бре што дочека народот, дојде живот за ромите во Германија. Самка, биро за вработување, ама во Германија, напиша друг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.