Власта направи пактови со оние за кои порано велеше дека се криминалци

Актулената власт на СДСМ прави пактови со лица за кои порано велеа дека се криминалци, обвини Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Економски Магазин“

Истите овие коишто велеа дека ќе стават бројчаник на триумфална, па ќе ги враќале парите кај граѓаните кои што биле украдени и така натаму, сега со истите тие луѓе прават пактови. Тие ги нарекоа криминалци, а не јас. Јас не сум ниту Зоран Заев, ниту СДСМ, јас верувам во пресумпција на невиност. Тие истите што ги нарекуваат денеска им се верни слуги или пак процесите се враќаат на самиот почеток за да го критикуваат ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Посочи дека во земјата мора да има владеење на правото бидејќи само така државата ќе има развиена економија, а граѓаните ќе веруваат во правниот систем.

Ако немате правна сигурност, ако граѓаните не веруваат во правдината, ако бизнис заедницата без разлика дали домашната или надворешната не препознае правна држава вие нема да имате развиена економија. Тоа е суштината, додаде Мицкоски.

Vицкоски, во своето гостување во емисијата „Економски магазин„ зборуваше за условите во кои учат учениците во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

-Погледнете во Тетово што се случува. Се сеќавате 2018-та години кога министер за образование и градоначалничката кажуваа дека се реновира гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ дека биле обезбедени средства, па не знам што. Појдете да видите каде учат тие деца денеска, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во врска со гимназијата во Тетово рече дека министерот за образование ги излажал граѓаните и за таа негова политичка лага денеска никој не одговара, односно никој не одговара за трошење на државните пари, на парите на граѓаните.