Власта од ноември го крие бугарскиот Анекс од 12 точки

Македонскиот владин врв и претседателот Стево Пендаровски од ноември го имаат но го кријат анексот од 12 точки кој бугарската страна бара да буде прифатен од Македонија, објавува ТВ24.

Во кратка порака, велејќи дека е премногу зафатен, бугарскиот министер за надворешни работи Красимир Каркачанов за ТВ24 објаснува дека Владата во Скопје го има документот уште од месец ноември и според него, од тој документ зависат македонските преговори со ЕУ.

Но, што содржи бугарскиот Анекс, дали ги допира идентитетските прашања и зошто досега не е објавен, се одговорите на прашањата кои Телевизија 24 ги побара од македонската Влада и МНР.
Оттаму, практично не добивме никаков одвор, туку дипломатски се насочуваат на фактот дека постои комуникација и тоа е се, објави телевизијата денеска.

Повеќе прочитајте ТУКА.