Власта одби да гласа за разрешување на Катица Јанева во Собранието

84

Со 58 гласови пртоив, од кои мнозинството пратеници од СДСМ и ДУИ, на денешната собраниска седница беше отфрлен предлогот од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, како прва точка на дневниот ред да се стави одлуката за разрешување на специјалната обвинителка, Катица Јанева.

Власта на СДСМ и ДУИ го одби предлогот, Јанева да биде разрешена согласно веќе усвоената препорака на Комисијата за избори и именување и Советот на јавните обвинители, како и дополнителниот аргумент што таа е во притвор и е осомничена за случајот „Рекет“, а истовремено дава и одлуки и наредби од притвор, кои се противзаконски.

Мицевски рече дека власта свесно го избегнува разрешувањето на Јанева бидејќи ова е последна седница на Собранието пред 15 септември кога и законски истекува нејзиниот мандат. Според Мицевски ова е јасна порака дека власта се става во одбрана и заштита на Катица Јанева.

Талат Џафери во процедурална забелешка потенцираше дека нема никаква правна пречка разрешувањето на Јанева да се најде на денешната седница, порачувајќи дека таа точка не ја ставил на дневен ред проади тоа што имало начелен договор меѓу партиите разрешувањето на Јанева да оди на посебна седница, без да прецизира дали воопшто има време таа да се закаже пред 15 септември.

По ова, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја обвини власта дека се става во заштита на Јанева која се наоѓа во притвор и побара 1 час пауза за да може да искомуницира со медиумите и да им ја објасни новата ситуација.

Од СДСМ сè уште нема коментар. Тие прес-конференцијата на својот портпарол Костадин Костадинов ја најавија за во 14 часот.

За разрешување на Јанева потребно е двотретинско мнозинство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.