6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Власта освен што дозволува историјата да ни ја пишуваат Бугарите, го крати и фондот на часови по македонски јазик

Денес ве потсетуваме на трагикомичната реформа на Мила Царовска за основно образование, наречена Концепција. Министерот Јетон Шаќири и покрај неприфаќањето на Концепцијата од најрелевантните институции и широката наставничка јавност упорно решил да ја спроведува. Во врска со тоа СДСМ и нивните коалициони партнери направија нов катастрофален потег. Тивко и подмолно забиваат нож во грб, како што им доликува на предавниците кои за жал, отсекогаш ги имало на ова поднебје низ историјата, изјави денеска Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека ја информирале македонската јавност дека на 12 јули, додека народот се противи на францускиот предлог и додека траат масовните протести на улиците, токму поради јасните последици по македонскиот идентитет, министерот за образование и наука, кадар на ДУИ усвојува нов наставен план за основно образование, со кој изучувањето на македонскиот јазик во второ одделение се намалува од 6 на 5 часови неделно.

Како што истакна Јаневска ова е само почеток на промените, кои според Концепцијата, ќе се воведат и во другите одделенија, етапно во секоја следна учебна година.

-Сега на сите им е јасно зошто толку оспоруваната концепција требаше да биде прифатена, а и спроведена. Ненародната власт на СДСМ и ДУИ, прави силни напори да се додвори на Бугарија и презема активности што секако, одат на штета на Македонците и македонскиот идентитет. Дали премиерот Ковачевски како Македонец со бетониран идентитет чувствува некаква грижа и болка тоа што идните поколенија, освен што ќе треба да изучуваат изобличена и неточна историја напишана во учебниците по мерка на Бугарија, ќе имаат и помалку часови да му се посветат на својот мајчин јазик? Како со овој потег се заштитува македонскиот идентитет и ќе се јакне македонскиот јазик со кој толку многу се фалат дека е безбеден? Одговорот е никако. Одамна е јасна намерата на оваа власт. Но, верувајте дека за ова и сите досегашни предавства и злодела, најпрво ќе им пресуди народот, а потоа ќе си одговараат пред институциите на системот како што и доликува, нагласи таа.