5.8 C
Skopje
недела, декември 4, 2022

Власта пак ќе моли за пченица од соседството, мерката им е задоцнета, тврди опозицијата

Несериозниот и задоцнет пристап на власта ќе ја остави Македонија без храна! Со денешната пресконференција Сдсм уште еднаш покажа дека ниту имаат знаење, план и визија како да го зголемат домашното производство на храна. Она што денес го презентира Сдсм од партиските простории е чист популизам каде се презентираа задоцнети мерки, стои во Фејсбук статусот на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Накратко да објаснам зошто се задоцнети и нефункционални, имено со распишувањето на овие над 5 000 хектари за производство на стратешки култури тотално е промашена оваа производна година што значи власта ќе мора да коленичи и моли во соседството за количини пченка, пченица и брашно . Зошто ? Затоа што додека завршат сите процедури и да се потпишат договорите ќе бидат пробиени сите рокови за сеидба на пченка , сончоглед и останатите култури тоа во превод значи од овој оглас жетва ќе има дури идната година, појаснува Трипуновски во својата објава.

Тој напиша дека ако власта навистина сака да интервенира со навремени и правилни мерки требаше да ги послушаат и уште во јануари да го распишат слободното државно земјиште на оглас за да се фати сеидбениот план навреме.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.