Власта продолжува со незаконските работи кога во образованието и назначувањето директори на училиштата

Власта предводена од СДСМ и Зоран Заев продолжува со незаконските работи кога станува збор за иобразованието и назначувањето директори на училиштата, велат од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата во заминување наместо интересите на граѓаните ги застапува личните интереси и интересите на партиските членови во повеќе училишта во Скопје пред формирањето на техничка Влада. Ваквите заклучоци се согледуваат од начинот на спроведување на испит за полагање на кандидатите за испит на директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење на ден 16.12.2019. Државниот испитен центар како продолжена рака на власта на СДСМ на ден 16.12.2019 не вршеше пренос во живо од полагањето за првиот дел од испитот за директор, и не го објави видеото на веб-страната согласно обврските од член 15 став 6, стои во нивната објава на Фејсбук и се додава:

„Зошто ДИЦ не го почитува Законот за обука и испит за директор? Каков надзор над спроведувањето на овој закон извршило Министерството за образование и наука согласно одредбите од член 31 од овој закон?

Дали ДИЦ знае дека согласно член 32 се соочуваат со казни заради направените прекршоци? Бараме веднаш итно и неодложно да се изврши вонреден инспекциски надзор согласно законските обврски и да се поништи полагањето бидејќи има информации дека комисијата им помагала на повеќето кандидати за да одговорат на прашањата и да освојат доволен број поени и затоа не е емитувано во живо“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.