Власта се плаши да каже од кого била окупирана Македонија

Професорот Љубомир Цуцуловски смета дека Владата предводена од Зоран Заев се плаши да каже против чија окупација се кренал македонскиот народ, па од Владината прослава на 11 Октомври може да се заклучи дека единствено Македонија била окупирана и се борела против некаков апстрактен фашизам- вонвременски и надвор од која била државна припадност.

„АПСТРАКТНА ОКУПАЦИЈА. На денешен ден (1941) започна Народно-ослободителната војна (НОВ) во Македонија. Меѓутоа, не се „знае“, т.е. не се спомнува (ни за жива глава) против чија окупација се крена македонскиот народ, ниту врз чиј участок бил нападот, зашто (можеби!) некој ќе се почувствува погоден, па ќе се подналути/навреди и, на тој начин, ќе се наруши постулираната идила за добрососедските односи, која на необичен начин се вгнезди во нечии глави, кои изумуваат дека не може да се има добрососедски односи, сѐ додека нечии гревови не се признаат за тоа што се- за гревови кон македонскиот народ, пишува Цуцуловски на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.