Власта се заканува со хајка против лидерот на опозицијата

Главната владејачка партија СДСМ, преку соопштение во петокот претпладнетом, неколку часа по по  телвизиското интервју на челникот на опозицска ВМРО-ДПМНЕ, на скандалозен начин без преседа се закани со политичка хајка против Христијан Мицкоски, со директна закана дека „судбинатаа на (неговиот претходник Никола) Груевски е иднината на Мицкоски“,  директно алудирајќи на судските постапки кои се водат против поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но и затворската казна која го чека.

„Судбината на Груевски е иднината на Мицкоски, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не можат да ги одбранат криминалите, правда ќе има“, се вели во соопштението на СДСМ

Со ваквата најава социјалдемократиет всушност ја презаемаа улогата и на извршната, и на заканодавна и н на судската власт. Станува збора за апсолутистичка тенденција на оваа власт која откако е дојдена само презема политички прогон против неистомисленици злопутребувајќи ги органите на прогонот за политичка пресметка. На ова реагираше ВМРО-ДПМНЕ, кои преку соопштение вратија на соопштенито на СДСМ.

„СДСМ јавно и отворено се заканува со политички прогон врз Христијан Мицкоски. СДСМ призна дека ги режира и оркестрира политичките хајки и дека судот е само инструмент во рацете на власта. Ова е преседан во светски рамки, велат од опозициската партија

Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, се диодава дека владајачката СДСМ со денешното соопштение признала дека целокупната власт во државата е во нивни раце и ја злоупотребуваат како сакаат и кога сакаат.

„СДСМ забора дека власта е менлива и минлива и дека моменталната моќ која ја имаат утре ќе ја немаат и дека за сето незаконие, закани, притисоци и уцени ќе треба да одговараат пред правосудните органи кога тие независно ќе може да си ја вршат работата“, се заклучува во реакцијата.

Заканите на една политичка партија преку политички прогон кон неистомислениците е преседан, познат само за најтоталитарните режими во светот, но не и за државите и сојузите кон кои се стремиме како ЕУ и НАТО, каде важат законите и се почитува Уставот, а заканите, притисоците, и уцените се санкционираат согласно закон, без разлика од кого доаѓаат. Како што навестуваат и од ВМРО-ДПМНЕ, ваквите закани и уцени ќе бидат предмет на разгледување на едни растеретени правосудни органи кога владеењето на правото повторно ќе биде принцип на работа на органите на државната управа и државата воопшто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.