Власта сега ги обвинува арачиновци дека нивна е одговорноста зошто немаат вода

Среде лето, на температури повисоки повисоки од 40 степени, половина Арачиново е без вода. Оштинските власти пак вината ја најдоа кај граѓаните за кои велат дека и самите имаат делумна вина. Еден жител на селото се пожали дека мора да полнат на чешмите од соседните села, бидејќи немаат вода за пиење.

„Полниме вода во Љуботен, на чешмите во Синѓелиќ, бидејќи овде немаме вода за пиење. Ние секогаш сме користеле бунари, но и за таа вода велат дека не е за пиење“, вели Заим Селими, жител на Арачиново во изјава за ТВ 21.

Директорот, пак, на општинското претпријатие „Водовод“, ги обвини своите соселани дека нерационално ја користат водата, односно дека од водоводниот систем ги наводнуваат нивите.

„Јас сум овде осум години, секое лето имаме проблем со водата, што значи дека 3-4 месеци имаме проблем. Прво нешто е што се злоупотребува водата, а второ, со еден бунар и една пумпа не може да се снабди село од 20 илјади жители“, истакна Алиу за ТВ 21.

Директорот Алиу кажа дека според неговите информации од градоначалникот, проблемот ќе биде решен најдоцна за еден месец.

„Во преговори сме со градоначалникот. Планираме во текот на оваа недела да ископаме два бунари. Работата ќе започне оваа недела. Колку што сум јас информиран од страна на градоначалникот, проблемот ќе биде решен најдоцна за еден месец“, додава Алиу за ТВ 21.

Сепак, директорот Алиу не е сигурен дека во тие бунари ќе има доволно вода за да ги задоволи потребите на Арачиново, кое брои околу 20.000 жители. Повеќе од илајда евра се потребни за само еден бунар. Според информациите, досега Општината Арачиново не спровела истраги за отворање на нови бунари, туку се потпираат на искуството и познавањето на теренот. Општинските власти не направиле ниту анализа дали таа вода би можела да биде користена и за пиење.

Но за време на предизборната кампањата, сегашниот премиер Зоран Заев често токму од Арачиново порачуваше дека граѓаните на Македонија заедно сплотени избираат живот. Но, наместо живот, им донесоа жед.